Centar.mk
СВЕТ

Стармер одбива да ја осуди американската акција во Венецуела, лабуристите реагираат

Британскиот премиер Кир Стармер изјави дека засега нема да ја осуди американската акција во Венецуела, нагласувајќи дека прво сака да „ги утврди фактите“ и да разговара со американскиот претседател Доналд Трамп. Истовремено, тој порача дека Обединетото Кралство „нема да пролева солзи“ поради крајот на режимот на Николас Мадуро.

Ваквиот став предизвика реакции кај дел од пратениците од Лабуристичката партија, кои американското дејствување го оценија како кршење на меѓународното право. Пратеничката Ким Џонсон праша дали Обединетото Кралство и понатаму стои зад меѓународното право и суверенитетот, додека Ричард Бургон ја нарече изјавата на Стармер „срамна и неодговорна“.

Поранешниот министер за финансии во сенка Џон Мекдонел изјави дека земјата е „практично претворена во колонија на Трамп“, обвинувајќи ја владата за избегнување јасен став. Критики упати и пратеникот Клајв Луис, кој оцени дека молкот на владата претставува јасно отстапување од Нирнбершките принципи./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Лидерката на опозицијата во Венецуела ја пофали акцијата на Трамп: „Голем чекор за човештвото“

C +

Клучен човек на Трамп: Никој нема да војува за Гренланд, тој треба да биде дел од САД

C +

Американскиот министер за одбрана се потсмеваше на руската воздушна одбрана во Венецуела

C +