Centar.mk
МЕТЕОМАКЕДОНИЈА

Синоптичарите излегоа со прогноза – Какво време да очекуваме?

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h).

Во Скопје, променливо облачно. Во делови од котлината ќе има повремен дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец.

Минималните утрински температури ќе се движат од 4 до 12 степени, додека максималните дневни температури ќе достигнат од 7 до 14 степени Целзиусови.

Најсвежо ќе биде во повисоките и западните предели, каде температурите ќе се задржат околу 4 до 7 степени, со поголема веројатност за врнежи. Во централните делови температурите ќе се движат околу 10 до 14 степени, со променлива облачност и повремен дожд.

Во источните и југоисточните делови од земјата ќе преовладува умерено облачно време, со подолги сончеви периоди и температури меѓу 8 и 14 степени.

Можеби ќе ве интересира

Пред Велигден под лупа: Агенцијата за храна со засилени контроли на јајца, месо и бои

C +

Дожд, снег и засилен ветер до петок: циклон носи над 50 литри дожд

C +

Мицкоски во Будимпешта ќе се сретне со Орбан

C +