Centar.mk
СВЕТ

Швајцарија го замрзна имотот на Николас Мадуро

Николас Мадуро се соочи со нов удар од Европа. Швајцарската влада одлучи да ги замрзне сите средства што Мадуро и луѓето поврзани со него ги имаат во Швајцарија, а мерката стапува на сила веднаш.

Како што е најавено, целта е да се спречи изнесување на какви било средства од земјата. Доколку идните судски постапки покажат дека средствата се стекнати нелегално, Швајцарија вели дека ќе се обиде да ги врати парите на венецуелскиот народ.

Сè уште не е познато точно колку имот има Мадуро во Швајцарија, но во 2021 година, швајцарските медиуми, повикувајќи се на протечени документи, објавија дека обвинителите идентификувале банкарски сметки со околу 10 милијарди долари, за кои постои сомневање дека потекнуваат од проневерени јавни средства во Венецуела.

Денешната одлука за замрзнување на средствата важи четири години, или до понатамошно известување, во зависност од развојот на судските постапки./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Велика Британија би можела да испрати илјадници дронови на Блискиот Исток

C +

Иран тврди дека врховниот лидер Хамнеи е добро и ја контролира ситуацијата

C +

Украинец во Риека со измама зел речиси 100.000 евра од тројца пензионери со приказна за итна операција

C +