Centar.mk
СВЕТ

Трамп: Го заробивме Мадуро!

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека САД извршиле „масовни воени напади врз Венецуела“ и дека „ги заробиле нејзиниот лидер, претседателот Николас Мадуро и неговата сопруга“.

Трамп го објави ова во соопштение на неговата социјална мрежа Truth Social, чиј целосен текст е даден подолу.

„Соединетите Американски Држави успешно спроведоа голем државен удар против Венецуела и нејзиниот лидер, претседателот Николас Мадуро, кој беше заробен и изнесен од земјата заедно со неговата сопруга.“

„Оваа операција беше спроведена во соработка со американските органи за спроведување на законот. Повеќе детали ќе следат. Прес-конференција ќе се одржи во Мар-а-Лаго денес во 11 часот. Ви благодарам за вниманието кон ова прашање!“, напиша тој./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Иран: Ниту еден литар нафта нема да го напушти регионот ако продолжат нападите

C +

Макрон: Ни треба нуклеарна енергија, двигател на напредокот и независноста

C +

Премиерот на Ирак до САД: Нашата територија не е база за војна

C +