Centar.mk
СВЕТ

Родители на исчезнат тинејџер: „Нарачаа шише шампањ со прскалка, минута или две подоцна се случи апокалипсата“

Родителите на 16-годишен тинејџер кој исчезна по смртоносниот пожар во барот во швајцарскиот скијачки центар Кранс-Монтана се надеваат дека нивниот син е сè уште жив. На новогодишната ноќ, младиот човек бил во барот со своите пријатели.

Кристоф Бродар и Летиција Бродар од Лозана наведуваат дека оттогаш немаат никакви информации за нивниот син Артур Бродар. Таа вечер, Артур бил во барот „Ле Констелејшн“ со група од десет пријатели.

„Целосно сме скршени. Сè уште веруваме дека можеби е жив и се надеваме дека ќе го најдеме. Нарачале шише шампањ со прскалка. Минута или две подоцна, се случи апокалипсата“, вели таткото Кристоф Бродар.

Тој додаде дека е вообичаено тинејџерите да ја поминат Новата година заедно во Кран-Монтана, нагласувајќи дека тоа е место кое се смета за многу безбедно и каде што сите се познаваат. Според него, Артур планирал да ја помине ноќта во куќата на пријател во близина на барот.

„Не сфатив дека нешто не е во ред сè додека чистачката не спомна дека има луѓе што починале. Потоа истрчав до барот и таму најдов други родители. Артур е навистина одговорен млад човек. Тој е добра личност и беше многу среќен што можеше да ја помине таа ноќ со своите пријатели“, изјави Кристоф Бродар за CNN./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Европската Унија го укина роамингот за Украина и Молдавија

C +

Русија подготвува голема провокација во наредните денови, предупредуваат украински разузнавачи

C +

Сопственичката била во барот кога избувнал пожарот

C +