Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Измама преку мобилна апликација во Тетово: Ветиле донација за дете, па ѝ земале 280 евра

На 01.01.2026 во 16:20 часот во СВР Тетово, 39-годишна жена од Тетово пријавила дека била измамена за сума од 280 евра од А.К. од Србија. Според пријавеното, лицето ја контактирало на мобилна апликација и ѝ кажало дека сака да донира одреден износ на пари како помош за нејзиното дете, кое посетува логопед, но претходно требала како гаранција да му испрати 280 евра преку брз трансфер на пари.

Како што е пријавено, откако го сторила тоа, лицето побарало уште пари, по што сфатила дека била измамена. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Можеби ќе ве интересира

ПЕТОК Е НЕРАБОТЕН ДЕН, СЛЕДУВА ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД: Ова се сите преостанати неработни денови до крајот на годинава

ДЕСК

Патаниот правец Охрид – Ресен преку Галичица е затворен за сообраќај, каква е состојбата на патиштата во останатиот дел од државава?

ДЕСК

Синоптичарите излегоа со најнова прогноза – Времето се менува

ДЕСК