Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Лишени од слобода седум лица во Тетово и Гостивар, затекнати се при продажба на пиротехнички средства, следува пријава

На 31.12.2025, во периодот од 16:30 до 22:00 часот, полициски службеници од СВР Тетово на Градскиот плоштад во Тетово ги лишиле од слобода Б.А.(50) од Тетово, Х.М.(55) од с.Челопек и Џ.Д.(22) од с.Селце. Додека, на Градски плоштад во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар ги лишиле од слобода С.Х.(41), М.Х.(44) Б.Х.(53) и Џ Н.(36), сите од Гостивар.

Тие биле затекнати како продаваат пиротехнички средства и кај нив била пронајдена и одземена поголема количина на пиротехнички средства. Лицата се задржани во полициска станица и по документирање на случаите, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

фото МВР

Можеби ќе ве интересира

Трајановски: Државата не е подготвена за укинување на техничката влада

C +

Жерновски: Одлуката на САД за визите е аларм- политиките за изолација скапо ја чинат Македонија

C +

Земјотрес од Албанија почувствуван во Охрид и Струга

C +