Centar.mk
СВЕТ

Кина апелира на смирување откако Русија ја обвини Украина за напад врз резиденција на Путин

Кина се огласи по тврдењето на Русија дека Украина со беспилотни летала нападнала една од официјалните резиденции на Владимир Путин.

Министерството за надворешни работи на Кина ги повика двете страни да се придржуваат до принципот дека војната не смее да се прелева надвор од бојното поле и рече дека не смее да има понатамошна ескалација.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров вчера изјави дека 91 украински дрон биле соборени во нападот и потврди дека целите и времето на рускиот одговор веќе се утврдени.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги отфрли обвинувањата, велејќи дека Русија повторно лаже./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Фон дер Лајен го менува планот: Брисел се откажува од сопствената разузнавачка служба по конфликтот со Каја Калас

C +

Нови детали за филмскиот напад во Италија: Разбојниците се преправале дека се полицајци

C +

Макрон: Трамп посакува колапс на Европската Унија

C +