Centar.mk
фото Електродистрибуција
БИЗНИС

Електродистрибуција со засилено отчитување за празниците

Во насока на обезбедување на поголемо отчитување во најоптоварениот период од годината и задоволување на потребите на корисниците, Електродистрибуција ќе реализира засилени активности за отчитување на мерните уреди во првата недела од јануари 2026 година.
Во наведениот период, дополнително, дел од активностите за отчитување ќе се реализираат прекувремено, како и за време на викендите и празничните денови.

Во реализација на овие активности ќе се применува целосниот процес на отчитување, кој вклучува обработка, валидација и безбеден пренос на податоците во системите на компанијата, со што се обезбедува навремено и точно фактурирање на потрошувачката на електрична енергија за секој поединечен корисник.

Електродистрибуција останува посветена на унапредување на корисничкото искуство и континуирано презема мерки за подобрување на квалитетот и ефикасноста на услугите.

фото Електродистрибуција / 30.12.2025

Можеби ќе ве интересира

Клучен енергетски објект во срцето на Скопје: ЕВН Македонија ја активира новата стратешка трафостаница „Централна“

ДЕСК

Високите цени на дизелот закотвија половина од холандската рибарска флота

C +

Дали треба да има скратена работна недела? Ако се усвои оваа мерка македонските граѓани ќе работат 4 наместо 5 дена за иста плата

ДЕСК