Centar.mk
МЕТЕОМАКЕДОНИЈА

ДЕТАЛНА ПРОГНОЗА ЗА ПРВИТЕ ДЕНОВИ ОД 2026: Студ ќе ја обвие Македонија, доаѓа силен ветер, на некои места ќе вее и снег

Утре времето ќе биде студено со дневна температура која на повеќе места ќе остане под нула степени. Ќе дува засилен до силен северен ветер и наместа ќе има услови за провејување на снег.

Во четврток и петок ќе се задржи студено време со минимални температури кои насекаде ќе бидат негативни, а локално ќе се спуштат и под минус 10 степени. Од петок и во деновите потоа ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи, претежно од дожд.

Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец, а температурите ќе биде во пораст.

Прогноза за 01.01.2026
Минимална температура: -13°C до -6°C
Максимална температура: -1°C до 6°C

Претежно сончево и студено. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Прогноза за 02.01.2026
Минимална температура: -11°C до -3°C
Максимална температура: 0°C до 8°C

Променливо облачно со сончеви периоди. Попладне во западните делови ќе има услови за слаб локален дожд, а на планините снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец.

Прогноза за 03.01.2026
Минимална температура: -6°C до 2°C
Максимална температура: 4°C до 12°C

Променливо облачно, во западните делови ќе има услови за повремен локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец.

Можеби ќе ве интересира

ВРЕМЕТО СЕ ВЛОШУВА: Дожд ќе премине во снег на овие места

ДЕСК

Царина и МВР пример за ефикасно заедничко делување на Западен Балкан и пошироко – до крајот на мај ќе се стави во оператива Гранична меѓуагенциска единица на Aеродром Св. Апостол Павле – Охрид

ДЕСК

Мециновиќ кон Николоски: Ќе го претворите народот во киријаши додека олигархијата гради и профитира

ДЕСК