Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Утрово, најстудено во Крушево, измерени -8 степени

Утрово најстудено било во Kрушево кадешто се измерени -8 степени, -7 било во Битола, Прилеп, Mаврови Анови и Крива Паланка, -6 Тетово, Пожаране и Берово, -5 Претор, Охрид и Попова Шапка, -4 Виница, -3 во Скопје-Петровец, Струмица, Кавадарци и Куманово, -2 во Скопје-Зајчев Рид, Велес, Демир Капија, -1 во Штип, 3 во Гевгелија.

Времето денеска

Утрото ведро и многу студено, преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12 степени.

Во Скопје, сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 6 степени./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

За осум часа денеска санкционирани 116 мотоциклисти во Скопје, одземени три мотоцикли

ДЕСК

Четврток носи најголема опасност: Невреме со пороен дожд, силен ветер и можен град

ДЕСК

Од Стајковци до болница: Напад со тврд предмет прераснал во пресметка меѓу две групи

ДЕСК