Centar.mk
ЛОКАЛНО

Герасимовски: Започна големата целодневна предновогодишна забава во Центар

Со богата програма за најмладите почна предновогодишното расположение на Боемска.

Во утринските часови децата уживаа во настапите на училишните хорови и Златните славејчиња, како и во магични шоу изведби. Дедо Мраз им подели пакетчиња, а градоначалникот Горан Герасимовски им упати топли честитки за претстојните празници.

„Овие моменти се посветени пред се на нашите најмали жители. Им посакувам многу радости, игра и, секако, насмевки во 2026 година“, порача Герасимовски.

Во попладневните часови на програмата е уличниот фестивал, а вечерната журка започнува од 20:00 часот на Боемска улица со DJ Александар Јорданов, по што следуваат Brass Brothers и Либеро бенд.

Поканети се сите! Повелете, ве чека луда и незаборавна предновогодишна вечер, сами уверете се зошто Центар секогаш е срцето на најдобрата забава!

Можеби ќе ве интересира

Младински политики по мерка на младите

ДЕСК

Општина Битола распиша конкурс за избор на идејно урбанистичко – архитектонско решение за спортско рекреативна зона – АРМ – Битола

ДЕСК

Завршија градежните работи на централната кујна при ЈОУДГ „Гоце Делчев“ во Општина Илинден

ДЕСК