Centar.mk
СВЕТ

Фон дер Лајен: Постигнат добар напредок во преговорите за Украина

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, го поздрави „добриот напредок“ постигнат вчера во мировните преговори за Украина.

Нејзината изјава следеше по „добриот, едночасовен разговор“ во кој таа учествуваше со Доналд Трамп, Володимир Зеленски и други европски лидери.

„Постигнат е добар напредок, што го поздравивме. Европа е подготвена да продолжи да работи со Украина и нашите американски партнери за консолидирање на овој напредок“, рече фон дер Лајен.

Таа, исто така, нагласи клучен услов за понатамошни чекори: „Најважното нешто во овој напор е да имаме силни безбедносни гаранции од првиот ден“./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Америка ги повика своите граѓани веднаш да ги напуштат повеќе од десетина земји од Блискиот Исток

C +

Трамп: Подготвени сме да водиме војни колку што е потребно, имаме залихи што ќе траат засекогаш

C +

Поранешен шеф на ЦИА: Нападите на Трамп врз Иран се катастрофална грешка

C +