Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Тешка сообраќајка во Скопје: Со сеат удрил во три паркирани возила, во три контијнери, а потоа во кола во движење за на крај да се забие во семафор и друго возило

На 26.12.2025 во 12:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Григор Прличев“ во Скопје, патничко возило „сеат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Р.(52) од Косово, со привремен престој во с.Арачиново, скопско, удрило во три паркирани возила – „цитроен“, „шевролет“ и „пежо“, сите со скопски регистарски ознаки, во три контејнери и во патничко возило „сузуки“ со скопски регистарски ознаки во движење, управувано од А.Ј.(24) од Скопје, по што продолжил со движење и на крстосница од бул.„Крсте Петков Мисирков“ со бул.„Гоце Делчев“ удрил во семафор и во уште едно патничко возило во движење „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Г.(29) од с.Долно Лисиче, скопско.

Во несреќата, со тешки телесни повреди се зздобил возачот С.Р., констатирани во Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје.

За настанот е известен јавен обвинител, а увид изврши увидна екипа од СВР Скопје.

Можеби ќе ве интересира

Гореше автомобил со скопски таблички

ДЕСК

Тешка сообраќајка на патот Штип- Кочани, има повредени

ДЕСК

СТУД НАСЕКАДЕ НИЗ МАКЕДОНИЈА: Какво време да очекуваме за новогодишната ноќ и деновите потоа?

ДЕСК