Меколи Калкин откри дека на врвот на славата, како тинејџер, направил пауза од глумата бидејќи сакал да има што е можно понормално детство.
По огромниот успех на филмот Сам дома и неговото продолжение, како и улогата во Ричи Рич (1994), Калкин решил да се повлече затоа што се чувствувал изолирано и сакал да се дружи со врсниците, да излегува и да живее типичен тинејџерски живот.
Во интервју за емисијата Mythical Kitchen, тој објасни дека најчесто работел сам и ја спореди својата состојба со ликот на Том Хенкс во Cast Away. Калкин нагласи дека славата не ја барал свесно, туку „едноставно му се случила“.
По паузата што ја започнал на 14 години, тој се вратил на глумата во 2003 година со филмот Party Monster. Денес внимателно ги бира улогите и почесто работи на анимирани проекти. Во приватниот живот, со сопругата Бренда Сонг одгледува два сина./Извор:Makfax


