Centar.mk
ЛОКАЛНО

Ученици од “Кочо Рацин” во посета на локалната самоуправа

Ученици од основното училиште со ресурсен центар „Кочо Рацин“- Битола денеска беа во посета на локалната самоуправа.

Во салата на Советот на Општина Битола каде имаше комисиска расправа, учениците беа пречекани од претседателот на Советот, Бојан Бојкоски и присутните советници на комисијата.

Учениците беа запознати со значењето на оваа институција и како таа функционира.

Исто така беа примени и во кабинетот на градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, кој пак ги информираше за неговата функција, за значењето на работата на администрацијата и за тоа како функционира локалната самоуправа.

Потоа им подари новогодишни пакетчиња, а пред да ја завршат посетата направија и заедничка фотографија и со нивните наставници и родители.

фото Општина Битола

Можеби ќе ве интересира

Јавен повик за Итно копче, брза и иновативна помош за повозрасните жители на Центар

C +

ИЗМИНАТАТА СЕДМИЦА САНКЦИОНИРАНИ 117 НЕПРОПИСНО ПАРКИРАНИ ВОЗИЛА НА ТЕРИТОРИЈА НА ОПШТИНА ЦЕНТАР

C +

Герасимовски: Го чуваме редот и јавниот простор во Центар, 86 казни за непрописно паркирање за три дена

C +