Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

Средба Николоски – Улусој: Имаме потенцијал за зголемување на економската соработка со Туркије

Заменик на претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, денеска оствари работна средба со амбасадорот на Туркије Фатих Улусој.

На средбата беа потврдени добрите билатерални односи меѓу Македонија и Трукије кои традиционалнo се пријателски и значајни за двата народи.

На средбата се разговараше за инвестиционата политика на Владата, ставајќи фокус на планираните инфраструктурни проекти, а се отвори и прашањето за унапредување на соработката во делот на транспортниот сектор.

Вицепремиерот Николоски истакна дека Туркије е значаен трговски партнер на Македонија, со потенцијал за зголемување на надворешно трговската размена и со значаен број на турски инвестиции во земјава. Во таа насока потенцираше дека Владата во континуитет работи на унапредување на условите за инвестирање во земјата.

Исто така на средбата се разговараше и за актуелните состојби меѓу двете земји, цврстите врски меѓу државите и добрата соработка.

Вицепремиерот Николоски изрази благодарност за досегашната подршка што ја овозможува Туркије и ја нагласи потребата од интензивирање на меѓусебната соработка во дејностите од заеднички интерес за двете земји.

фото Министерство за транспорт

Можеби ќе ве интересира

Филипче до Мицкоски: Ги оставивте работниците без поголеми плати

C +

Мицкоски до Филипче: Сто пати ви кажав, за ЕУ нема да водиме мекотелна политика

C +

Филипче: Од Владата на Мицкоски граѓаните веќе не може да очекуваат ништо, можеби банкрот

C +