За да се осигури дека рускиот претседател Владимир Путин нема да се осмели да нападне ниту една земја-членка на НАТО, клучно е да се зајакне Украина колку што е можно повеќе, изјави генералниот секретар на НАТО, Марк Руте.
Руте нагласи дека таков пристап бара и од членките на НАТО да ги зголемат своите трошоци за одбрана.
Тој објасни дека со исполнување на овие два услови – зајакнување на Украина и повеќе инвестирање во одбраната – Алијансата ќе стане доволно силна за да се одбрани, а Путин никогаш не би се осмелил да преземе таков ризик.
Медиумите потсетуваат дека Руте претходно изјави дека НАТО мора да се подготви за војна од размери што ги доживеале нашите дедовци и прадедовци. Сепак, германскиот министер за одбрана Борис Писториус не се согласи со оваа проценка, изразувајќи скептицизам во врска со сценариото за тотална војна меѓу Русија и НАТО./Извор:Makfax


