Centar.mk
СВЕТ

Дали Зеленски ќе го исполни барањето на Трамп: Се разгледува одржувањето на претседателски избори

Првиот заменик-претседател на украинскиот парламент, Олександр Корниенко, го објави почетокот на работата на работната група која ќе се занимава со прашањето за организирање претседателски избори во Украина.

Според него, првиот состанок ќе се одржи веќе оваа недела, каде што ќе се разгледаат можностите за спроведување избори во воени услови, иако Уставот на Украина забранува избори за време на вонредната состојба воведена по руската агресија.

Иако претседателот Володимир Зеленски претходно ја отфрли таквата можност поради уставни пречки, раселени граѓани и окупирани територии, притисоците од Русија и САД, вклучително и барањата од Доналд Трамп, сега укажуваат дека Киев сè уште би можел да разгледа чекори кон одржување избори дури и пред формалниот крај на војната./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Трамп: Време е да се свртиме кон други теми по Епстин

ДЕСК

Бил Гејтс за Епстин: „Жалам“

ДЕСК

Поранешната сопруга на Бил Гејтс: Тоа што е во досиејата на Епстин ме потсетува на болни времиња

ДЕСК