Centar.mk
ТЕХНОЛОГИЈА

Трката по суперинтелигенција: технологија што го менува светот или опасна илузија

Колумнистот на „Гардијан“, Рафаел Бер, пишува дека ако вештачката интелигенција не им го променила животот на луѓето во 2025 година, тоа сигурно ќе се случи во 2026. Тој оценува дека еуфоријата поврзана со вештачката интелигенција е надувана со финансии од Силиконската Долина, со сериозни економски и геополитички последици.

Бер наведува дека „Опен ВИ“, компанијата зад „Чат ГПТ“, за неколку години стана еден од клучните играчи во глобалната економија, со огромни инвестиции од технолошките гиганти. Извршниот директор Сем Алтман признава дека делови од индустријата се во меур, а Џеф Безос вештачката интелигенција ја нарекува добар вид меур.

Авторот предупредува дека трката за општа вештачка интелигенција меѓу САД и Кина ги засилува геополитичките тензии и ја намалува подготвеноста за глобални правила и контроли. Во отсуство на меѓународно управување, светот, според него, е препуштен на интересите на технолошките корпорации и авторитарните системи.

Бер укажува и на ризиците од сегашните модели на вештачка интелигенција, како халуцинации, пристрасност и намалување на квалитетот на информациите, предупредувајќи дека вистинскиот меур не се вреднувањата, туку егото на индустријата. Заклучува дека се приближува момент кога ќе мора да се одговори на клучното прашање: дали вештачката интелигенција ќе му служи на човештвото – или обратно./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Америка ја обвинува Кина за масовно копирање на американските модели на вештачка интелигенција

C +

Побрза и во реално време: Унапредена “Audio Eraser“ функција на Galaxy S26 Серијата

ДЕСК

Самсунг (“Samsung”) телевизори: Редефинирање на технолошкото искуство во животниот стил

ДЕСК