Centar.mk
фото скриншот/видео на МВР
МАКЕДОНИЈА

Тошковски го откри одговорот што сите го очекувавме – Колкав ќе биде прагот на толеранција за казнување преку камерите “Сејф сити”

Министерот за внатрешни работи во вечерашната емисија Топ Тема, образложи колку толеранција ќе биде воведена со новите камери од проектот Сејф сити.

– Ако одредено возило е управувано со 57 км/ч, а е дозволено 50, камерата за мерење на брзината ќе констатира прекршок. Доколку возилото е управувано со 56 км/ч, електронскиот систем нема да го констатира како прекршок. Но она што е важно е дека доколку, еве јас управувам моторно возило со 53 км/ч на место каде што е дозволено 50, сообраќаен прекршок нема да биде евидентиран затоа што нема да ме фати радарот или камерата, но не дај боже, доколку сторам одредена материјална штета – повредам пешак или велосипедист, јас ќе одговорам соодветно согласно одредбите од Кривичниот законик, рече Тошковски.

Инаку според постоечката регулатива, значи дека толеранција е до 6 км/ч каде што е дозволена брзина до 100 км/ч, понатаму 8 км/ч каде што е дозволена брзина над 100 км/ч и толеранција од 12 км/ч каде што е дозволена брзина на движење на моторно возило над 200 км/ч, рече Тошковски.

Министерот за внатрешни работи најави и активирање на онлајн апликација преку која граѓаните ќе може да ги ажурираат податоците, да проверат каде има камери и тн.

Можеби ќе ве интересира

Обвинителството оформи предмет по допрен глас за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД

ДЕСК

СДСМ: Молкот за дрогата од 5 тони е потврда дека скандалот оди до врвот на власта

ДЕСК

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК