Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Манасије – дигитален дарител

Соопштение на СДСМ:

Почнаа празниците. Оваа година, на некого Дедо Мраз му пристигна порано.

Модната икона на ВМРО, Манасије, по повод новогодишните празници, самиот себеси се почести со неколку најнови одела. Ако се прашувате од кои марки се оделата, тоа не можеме да ви го кажеме, но го знае неговиот заштитник, Св. Геро – заштитникот на сите ВМРО-ботови.

Геро редовно ја следи модата, па дури знае и кое сако го носи нашиот претседател.

Манасије не е само филозоф, туку и филантроп. Тој е великодушен и секогаш мисли и на другите, воден од старата поговорка: „Кога бегот бил циција?“.

Бидејќи не е во можност да подари по некој тендер, за тоа се задолжени некои други, постари другари, Ванчовисти, тој го нуди она што самиот го добива.

Во рамките на ВМРО-пакетот за најБОТ на Македонија, покрај оделата и топлиот оброк, освоил и еден подарок-ваучер.
Неговиот благороден дух уште пред еден месец одлучил тој ваучер да ѝ го подари на сопругата. И тоа цели два месеца пред нејзиниот празник, Св. Валентин. Во знак на љубов, на својата сакана ѝ подари работно место во Министерството за дигитална трансформација.

Она што е навистина неверојатно е колку ВМРО Ванчовистичка ја сака дигитализацијата. Изгледа дека помина времето на „дигитронизирањето“ (кога некогаш тендерите се собираа на дигитрон).

Денес, кога бројките се многу поголеми и кога има многу повеќе нули во игра, дојде времето на дигитализацијата. Кој би собирал толку нули на дигитрон за 161 тендер?! Замислете ги сите тие бројки, сите тие милиони!

Но, тоа не е единственото дигитално во ВМРО-светот. Тука е новата програма ВМРО 2028, инвестициите во вештачка интелигенција – Геро АИ, Манасије АИ, а сега и неговата сопруга.

Едно вистинско дигитално семејство, предводници на дигиталната револуција, каква што им прилега на ВМРО-револуционерите на Ванчо.

Дали нашите сограѓани, мажи, подготвија слични подароци за своите сопруги за Св. Валентин?

Бидете великодушни како Валентин.

Можеби ќе ве интересира

Прекинат прагот на алармирање, престануваат да важат мерките и препораките

ДЕСК

Мицкоски: Божиќ е празник на дарувањето и споделувањето љубов и разбирање

C +

Денес завршуваат воведните зборови на одбраната и почнува сослушувањето сведоци за пожарот во „Пулс“

C +