Centar.mk
фото Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

Нема пари за поголеми плати, има само за криминални тендери, вели Тренчевска

Владата не се грижи за граѓаните и за повисоки плати, туку приоритет ѝ се партиските тендери, рече потпреседателката на СДСМ, Јована Тренчевска на денешната собраниска седница, потенцирајќи дека решенијата што се преземаат се само за да се зачува власта, додека суштинските потреби на граѓаните се игнорираат. Таа појасни дека Владата нема ресурси за реални решенија кои би ја подобриле економската ситуација на граѓаните.

„Власта нема пари за граѓаните. Нема пари за поголеми плати, нема пари за пензии, нема пари за поголема минимална плата. Дупката во буџетот е 1 милијарда евра. Зошто? Заради тендери. Исто е кој е министер, нема никаква разлика. Шемата е криминални тендери за профити, посочи Тренчевска.

Претседателката на СДСМ ја обвини Владата дека продолжува да ги фаворизира наместените тендери наместо да се грижи за стандардот на граѓаните: „На ВМРО-ДПМНЕ не и се важни граѓаните, важни им се наместените милионски тендери. 161 тендер вреден 5,3 милиони евра, 9 милиони евра за фирма со двајца вработени, тоа е приоритетот на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е суштината. Затоа ова е козметика. Кој и да дојде е исто.“

Тренчевска заклучи дека со оваа влада граѓаните нема да можат да очекуваат повисоки плати и подобар стандард, додека тендерите ќе продолжат да се главна грижа на власта предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Можеби ќе ве интересира

ВЕЧЕРВА ПАДНА ГОЛЕМО АПСЕЊЕ: Познат директор фатен со 50.000 евра мито

ДЕСК

Стрелките на часовникот одат еден час нанапред – Подгответе се за летно сметање на времето

ДЕСК

Синоптичарите објавија 4 дневна прогноза – Каков продолжен викенд да очекуваме?

ДЕСК