Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова до верниците кои го прославуваат Божиќ според Грегоријанскиот календар

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод големиот христијански празник Христовото раѓање – Божиќ, упати честитка до д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Епарх Струмичко-скопски и до сите верници кои го прославуваат Божиќ според Грегоријанскиот календар.

Со особено задоволство, на сите верници кои го прославуваат Божиќ според Грегоријанскиот календар, срдечно Ви го честитам денот на Христовото раѓање – Божиќ.

Нека овие светли празнични денови Ви донесат добро здравје, духовен мир и радост, исполнувајќи ги Вашите домови со спокој, љубов и топлина. Божиќ, како еден од највозвишените христијански празници, нè потсетува на вечните вредности: солидарноста, човечноста и надежта, коишто ги зближуваат луѓето и ја зајакнуваат вербата во подобра иднина.

Во овие зимски денови, божиќните празници нека бидат поттик за чинење добри дела и взаемно почитување. Да даруваме насмевки, да негуваме човечка блискост и да бидеме носители на ведрина и позитивна мисла во секојдневието, споделувајќи радост со сите околу нас.

Можеби ќе ве интересира

УПАДНАЛ ВО МАКЕДОНСКО УЧИЛИШТЕ И НАПАДНАЛ ДВЕ ДЕЦА – Полицијата уапси 51-годишен маж

ДЕСК

УДРИЛ ДЕВОЈКА СО ЕЛЕКТРИЧЕН ТРОТИНЕТ И ИЗБЕГАЛ – Полицијата трага, малолетничката на Ургентен

ДЕСК

Меѓународен успех на МВР: „Безбеден град“ ја освои наградата за сообраќајна безбедност на Светскиот полициски самит во Дубаи

ДЕСК