Centar.mk
СВЕТ

Терористички напад во Пакистан, најмалку пет мртви

Пет полицајци беа убиени во терористички напад врз нивното возило во северозападната покраина Хајбер Пахтунхва во Пакистан, соопштија официјални лица.

Небезбеден регион

Нападот се случил во округот Карак во покраината што граничи со Авганистан, според пакистанскиот министер за внатрешни работи Мохсин Накви.

Осудувајќи го нападот, Накви рече: „Нападот врз безбедносниот персонал е јасен чин на варварство од страна на брутални елементи“. „Жртвите нема да бидат залудни, државата ќе одговори со полна сила“, додаде тој.

Голем број безбедносни лица се распоредени во областа за да бараат терористи чии напади станаа растечки проблем во последните години поради немирите и несигурноста во пограничната област./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Европската комисија предлага нов пакет санкции против Русија

C +

Европската комисија бара промени на „Тик-ток“: „Предизвикува зависност, особено кај децата“

C +

Трамп: Време е да се свртиме кон други теми по Епстин

ДЕСК