Centar.mk
МЕТЕОCENTARМАКЕДОНИЈА

СНЕГ ЌЕ ТРУПА ВО ДЕЛОВИ ОД МАКЕДОНИЈА, НЕКАДЕ ЌЕ ИМА И ПОРОЈНИ ВРНЕЖИ ОД ДОЖД – Метеоролозите со нови најави за времето за следните 4 дена

Под влијание на влажни воздушни бранови од утре кон крајот на денот и во следните два дена (24.12 и 25.12. 2025) ќе има повремени локални врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат пообилни (над 25 л/м2 за 24 часа).

На планините врнежите ќе бидат од снег при што ќе се формира снежна покривка од 5 до 10 см.

Поради спуштање на постуден воздух од север, врнежите ќе преминуваат во снег и на некои од повисоките места. Од петок ќе има стабилизирање на времето.

Прогноза за 24.12.2025
Минимална температура: 2°C до 7°C
Максимална температура: 4°C до 9°C

Облачно со повремени локални врнежи од дожд кои ќе бидат пообилни во текот на ноќта. На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец.

Прогноза за 25.12.2025
Минимална температура: 1°C до 6 °C
Максимална температура: 3°C до 10°C

Облачно со повремени локални врнежи од дожд. На планините и на некои од повисоките места врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.

Прогноза за 26.12.2025
Минимална температура: 0°C до 5°C
Максимална температура: 3°C до 11°C

Променливо облачно и тивко со сончеви периоди. Попладне облачноста ќесе намали.

Гледај го бонус видеото и следи нè на YouTube за вакви содржини секој ден

Можеби ќе ве интересира

Предмалку почуствуван земјотрес од 2.9 степени според рихтер во Македонија – Сеизмолозите излегоа со информации

ДЕСК

Инцидент во угостителски објект во Скопје: Маж нападнат со тврд предмет

ДЕСК

Се запали возило во Скопје

ДЕСК