-Изолација од ЕУ! Десет дена власта молчи за оваа одлука. Европа реагира и испраќа јасна порака дека корупцијата на ДПМНЕ не се толерира, одговорност мора да има! Ова е најголемиот скандал со европски пари во Македонија, загрозени се 130 милиони евра од ИПАРД 3-пари за земјоделците, реагираше денеска Јована Тренчевска, потпреседателка на СДСМ, за последните случувања околу ИПАРД 3 програмата, истакнувајќи дека корупцијата на власта довела до суспензија на исплатите од Европската Комисија.
Таа потенцира дека истрагата мора да опфати сите инволвирани, а не само не само приведениот директор и да ги даде одговорите и за најблискиот круг на премиерот Мицкоски.
„Директорот на Агенцијата, Илија Стоилев, е близок соработник на Игор Миќев, познат како Панкерот, кој е во кумска врска со премиерот Христијан Мицкоски. Неговата сопруга пак е вработена во Агенцијата, на позиција одговорна за исплата на парите од ИПАРД. Значи и Трипуновски и Мицкоски треба да одговараат за овој криминал и за штетата што ќе ја претрпат земјоделците.“, посочи Тренчевска.
Тренчевска истакна дека на ДПМНЕ не им се важни граѓаните, туку милионските тендери на валста.
„На ДПМНЕ не им се важни граѓаните, важни им се наместените милионски тендери. 161 тендер вреден 5,3 милиони евра, 9 милиони евра за фирма со двајца вработени – тоа е приоритетот на ДПМНЕ. Затоа им е потребна изолација и затоа сакаат да го контролираат судството со наводни „реформи“. појасни Тренчевска.


