Centar.mk
фото Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

Нема поголема минимална плата, доаѓаат „економски работници“, тврди СДСМ

– Поголема минимална плата? Нема да има. Нема пари ниту за минимална плата, ниту за земјоделците, ниту за пензионерите. Очигледно сите ќе мора да се навикнеме дека поголеми плати нема да има, велат од СДСМ.

– Ни доаѓаат „економски работници“. Според договорот кој го објавија британски медиуми треба да им се обезбедат плати, сместување, пензии. Ако нема работа мора да им се плати, што значи нема да има ниту за плати ниту за пензии. Така вели договорот.

Не, тоа не се мигранти. Економски работници. Затоа и Законот за странци го сменија, соопшти СДСМ.

– Може да ги нарекуваме економски работници додека Мицкоски не им даде пасоши, а потоа ќе станат рамноправни граѓани на Македонија.

Што да се прави, договор си е договорот.

Засега во буџетот недостига само една милијарда евра.

Само ВМРО-ДПННЕ не се грижи. Има пари до крајот на мандатот за уште криминални тендери, објави СДСМ.

Можеби ќе ве интересира

Жерновски: Власта продава лажен патриотизам, со една рака мавта со знамето дека се Македонци, со другата краде колку што може да се украде

C +

Мицкоски: Повеќе од една милијарда е инвестирано во автопатот Кичево-Охрид, очекувам да биде завршен најдоцна до првиот квартал 2027 година

C +

Од 13 анализирани пациенти, кај деветмина се утврдени сомнителни наоди во скандалот со непотребни операции

C +