Centar.mk
-ЛОКАЛНО

Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење

ЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола.

Секторот за санитарна контрола во периодот од 15.12.2025 до 19.12.2025 зема 189 примероци за физичко-хемиска и 189 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 45 мерни места во Градот Скопје.

Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци ОДГОВАРААТ на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр.183/18).

Можеби ќе ве интересира

„А“ – самостојна изложба на Олгица Антовска: водата како духовна инспирација

ДЕСК

СДСМ: Цела недела Владата на Мицкоски не презема мерки за цените на горивата

C +

Кузеска: Тројанскиот коњ Мицкоски

C +