Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

Калеска Ванчевска: Измените на Кривичниот законик спротивни на директивите на ЕУ, шминка за спас на криминалците на власт

Изјава на Снежана Калеска Ванчевска:

Власта, иако ветуваше, не направи вистински измени на Кривичниот законик.

Наместо тоа, преку пратеници на ДПМНЕ, поднесува козметички интервенции, далеку од суштинска реформа, дури и спротивна на европски директиви и комвенции.
Иако нов Кривичен законик се подготвуваше повеќе од четири години од работна група составена од професори, експерти, судии и обвинители – тој не е поднесен.

Нема нов Кривичен законик.

Нема реформа.

Се плашат ли од јавноста, од експертите, од граѓанските организации, од европските стандарди?

Или се плашат од вистината?

Наместо измени по „ЕУ-стандард“ власта донесе неевропски закон, спротивен на европските регулативи.

Предлог-измените што ги турка власта се спротивни на клучните директиви на ЕУ – 2024/1260 и 2024/1385.

Кај членот 98-а, наместо објективен доказен стандард, каков што бара Директивата за враќање на средства и конфискација, се користи формулацијата „судот е уверен“. Значи субјективен, непрецизен и правно небезбеден критериум.

Ова директно го нарушува принципот на правна сигурност утврден во ставовите на Венецијанската комисија и отвора простор за селективност и злоупотреби.
Затоа го стопираат европскиот пат, затоа што Лаура Ковеши сите ќе ги реши!

Дополнително, со измените на членот 353 – Злоупотреба на службената положба е во директна спротивност со Конвенцијата на ОН против корупција (UNCAC).

Членовите 17 и 19 од Конвенцијата бараат ефективни, пропорционални и одвраќачки санкции, а не законодавно „јо-јо“ – драстично намалување на казните, па нивно козметичко „зголемување“.

Тоа значи дека овој нов закон не може да ги врати застарените предмети од 2023 година.

Претставувањето на овие измени како „репарација“ или „враќање на правдата“ е правна илузија и измама.

Факт е дека предложените измени не се ништо друго освен очаен обид за спас на власта од одговорност за криминал и корупција.

Целта е јасна – заштита на функционерите на власта од кривична одговорност за криминални скандали и сомнителни тендери.

Како што се: 161 тендер во вредност од 5,3 милиони евра за една фирма, 9 милиони евра за фирма со двајца вработени, тендери поврзани со блиски лица, роднини и партиски структури.

Очигледно е дека овој предлог доаѓа под притисок – од истраги, од факти, од докази и од страв дека казнената политика конечно ќе ги стигне.

СДСМ бара Владата веднаш да го повлече овој срамен предлог, Министерството за правда да го објави веќе подготвениот нов Кривичен законик на ЕНЕР, и да се отвори вистинска јавна дебата со домашната и меѓународната стручна јавност.

Да се донесе ново, строго и европско решение за злоупотреба на службената положба – со јасни одредби, повисоки казни и нулта толеранција за корупција.
Нема реформи без правда.
Нема правда со криминалци на власт.

И нема закон што ќе ја спаси оваа власт од одговорност.

Одговорност ќе има.
Линк до видео: https://www.youtube.com/watch?v=EcGSHcO5cDc

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Изолација од ЕУ, суспендирани исплатите од ИПАРД 3 поради корупција

ДЕСК

Фрчкоски: Власта се плаши од скандалите за криминал кои ги отворивме, затоа ме напаѓа лично и семејно

ДЕСК

Мицкоски објави инвестиција од 100 милиони во енергетиката

ДЕСК