Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Со 1,39 промили алкохол излетал од патот, тешко повредени повеќе лица, меѓу кои двајца малолетници

На 20.12.2025 година во 05:35 часот во ОВР Кочани било пријавено дека на локалниот пат помеѓу селата Оризари и Прибачево, кај место познато како „Бели бандери“, патничко возило фолксваген голф со кочански регистарски ознаки излетало надвор од коловозот.

Возилото било управувано од 25 годишен жител на село Прибачево. Во сообраќајната несреќа со тешки телесни повреди се здобил 25 годишен сопатник од истото село, како и уште двајца малолетни сопатници. Со телесни повреди се здобил и возачот.

Повредите биле констатирани во Општата болница Кочани. Кај возачот било утврдено присуство на алкохол во крвта од 1,39 промили.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од ОВР Кочани.

Можеби ќе ве интересира

Лишен од слобода поранешниот претседател на ФФМ, поднесена кривична пријава за проневера

ДЕСК

Мицкоски: СДСМ направи историска капитулација со Бугарија, само мекотели политичари кои клечат на колена како Филипче изјавуваат дека ние сме ја провоцирале Бугарија

ДЕСК

Мицкоски: На следните избори останува техничката влада, предложеното законско решение е за техничката влада за изборите потоа, стравот на Филипче е дека и тие избори ќе ги изгубат

ДЕСК