Centar.mk
БИЗНИС

СИНДИКАТИТЕ СЕ ОЧЕКУВА ДА ЈА СТАВАТ НА МАСА МИНИМАЛНАТА ПЛАТА ОД 600 ЕВРА – Утре седница на економско-социјалниот совет на која ќе се сретнат власта и синдикатите

Утре ќе се оддржи седница на економско-социјалниот совет на која ќе се сретнат власта и синдикатите.

На утрешната средба се очекува синдикатите да ја стават на маса темата за покачување на минималната плата на 600 евра веднаш.

Се очекува седница на која нема да се молчи за секојдневното поскапување и високата инфлација која удира најмногу по работниците, додека синдикалната кошничка достигна 65.137 денари.

Иако работодавачите негодуваат на толку висока минимална плата во Македонија, експертите велат дека зголемувањето на минималецот би можел да биде реален со помош на владата која би ја субвенционирала разликата на придонесите, мерка која во време на Владата на Зоран Заев вродила со плод во македонската економија. Тогаш минималецот од околу 8000 денари во неколку години се искачи за речиси тројно повеќе.

И додека Македонија влегува во Новата 2026-та година со минималец 398 евра, во Албанија се случува вистински бум. Кај соседите од први јануари следната година минималецот ќе биде нешто над 510 евра.

Можеби ќе ве интересира

РКЕ пред одлука – Нови цени на горивата

ДЕСК

Становите во оваа блиска државата поскапеле за 275%: Домувањето низ ЕУ станува луксуз поскапеа и кириите

ДЕСК

Растат цените на становите во ЕУ – Унгарија рекордер со зголемување од 275%

C +