Centar.mk
ЛОКАЛНО

Герасимовски: На Водно ја продолжуваме традицијата, бадниковите гранчиња нека донесат здравје, среќа и благосостојба

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, денеска им се приклучи на скопските бадникари на јужните падини на Водно, продолжувајќи ја традицијата на собирање дабови гранчиња во пресрет на Бадник.

Првите гранчиња симболично ги пресекоа бадникарскиот кум Зоран Кондратенко и здравичарот Јаков Дренковски, со што беше означен почетокот на бадникарските активности.

„Секоја година, овде на Водно, се собираме за да ги зачуваме и одбележиме македонските вековни обичаи. Општина Центар секогаш ќе биде покровител на настани што ја негуваат традицијата и духовните вредности“, порача Герасимовски.

На настанот, во организација на здружението „Одбор за традиционална прослава на Бадник“, граѓаните се почестија со посна трпеза и во добро расположение испратија пораки за здравје, среќа и благосостојба за празниците.

Собраните бадникови гранчиња, како симбол на сила, здравје и среќа, на 6 јануари ќе бидат споделени на верниците на централната прослава во Соборниот храм.

Можеби ќе ве интересира

Во Домот на култура „Илинден“ отворена изложбата „Кон светлината“ на Новица Трајковски

ДЕСК

СДСМ со конкретни мерки за загадениот воздух: Бесплатен превоз, пари за филтри, еколошко греење, чистење

ДЕСК

Кисела Вода со прочистувачи ќе го чисти воздухот во градинките

C +