Соопштение на СДСМ:
Скопје е втор најзагаден град во Европа.
Граѓаните на Скопје дишат отров, токсични материикои штетни по здравјето на луѓето.
Наместо да инвестира пари во проекти и политики за почист воздух, наместо да преземе мерки и да ги заштити граѓаните, владата на Мицкоски гледа како повеќе пари да испумпа преку криминални тендери.
161 тендер за една фирма, 9 милиони евра за друга, само за тоа има владата на Мицкоски пари. Нема за инвестиции во мерки за почист воздух.
Дополнително, по методите на Вучич и Груевски, Христијан Мицкоски ги лаже граѓаните дека воздухот бил почист од Виена.
Copy-paste.
На толку многу лажни изјави јасно е дека на Мицкоски не може да му се верува. Затоа и ја донесоа противуставната Резолуција.
Што е следно, ќе забранат да се зборува за загадениот воздух во Скопје затоа што Мицкоски кажа дека е чист?


