Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Левица: ЕСМ е во колапс – Узунчев бара кризна состојба за да го покрие хаосот во претпријатието

Сооопштение на Левица:

Катастрофалното менаџирање со најважното енергетско претпријатие, за што Левица претходно предупредуваше, го потврди самиот директор на ЕСМ, Лазо Узунчев. Во текот на вчерашниот ден е објавена скандалозна информација дека директорот Узунчев упатил барање до владата за прогласување кризна состојба, наводно поради недостиг на мазут поради протестите на грчките земјоделци. За Левица ова е фингиран обид на Узунчев, со цел владата да го спаси ЕСМ од расипничкото работење и долговите кои ги наталожи раководството поставено од Мицкоски!

Доколку е прекината набавката на мазут, тогаш ЕСМ може да бара раскин на договорот со добавувачите поради неисполнетост на условите. Единствената кризна состојба во ЕСМ е немањето капацитет на Узунчев да менаџира со ова претпријатие, кој директорската функција ја доби единствено поради блискоста со Мицкоски.

За неспособноста на Узунчев говори фактот што ЕСМ оваа година ќе ја заврши со рекордна загуба од 150 милиони евра, иако неговите најави беа дека претпријатието ќе ја финализира годината со добивка. Очигледно е дека претпријатието не е во можност да исплати ниту плати за вработените, па Узунчев спасот го бара кај Владата и неговиот личен пријател Мицкоски за да прогласат кризна состојба.

Ваквиот акумулиран долг во претпријатие кое секогаш бележело добивка дава сериозни индиции за криминални шеми и тендери во ЕСМ, за кои Левица и претходно објавуваше. Во периодот што следи ќе бидат објавени бројни неправилности за управувањето со ЕСМ, за што ги повикуваме Управата за финансиска полиција и ОЈО-ГООК конечно да истражат што се случува во ова претпријатие под капата на Лазо Узунчев.

Можеби ќе ве интересира

Шокантен случај во Карпош: Млад човек тешко повреден во пожар

ДЕСК

Тешка сообраќајка со повредени во Прилеп

ДЕСК

Нова трагедија на македонските патишта: Загина 17 годишно момче

ДЕСК