Centar.mk
фото Град Скопје
ЛОКАЛНО

Ѓорѓиевски информира дека е започната сеопфатна и одлучна акција за расчистување на бесправно изградените и узурпирани објекти

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, информира дека е започната сеопфатна и одлучна акција за расчистување на бесправно изградените и узурпирани објекти, со цел заштита на јавниот интерес и обезбедување слободно, безбедно и достоинствено користење на јавните површини. Акцијата се спроведува без никакви отстапки, со јасна порака дека јавниот простор им припаѓа на граѓаните и мора да биде достапен за сите под еднакви услови.

Во прилог објавата на социјални мрежи од градоначалникот Орце Ѓорѓиевски:

Нема толеранција кога узурпацијата на јавниот простор е во прашање!

Започнавме голема акција за расчистување на бесправно изградените објекти и нема да има никакви отстапки.

Јавните површини им припаѓаат на граѓаните.
Тротоарите, пешачките патеки и јавните простори не смеат да бидат заложници на ничиј личен интерес.
Повеќе нема компромис кога се во прашање узурпациите што го нарушуваат животот, движењето и безбедноста на нашите сограѓани.

Акцијата продолжува со силно темпо и ќе ја опфати целата територија на Скопје!

Ова е процес во кој сите сме партнери.

Ги повикувам граѓаните на Скопје активно да се вклучат, да пријават објекти што го окупираат заедничкиот простор и да помогнат да изградиме град во кој владее ред, достоинство и еднаква пристапност за сите.

Заедно градиме град каков што заслужуваме.

Можеби ќе ве интересира

Јавен повик за Итно копче, брза и иновативна помош за повозрасните жители на Центар

C +

ИЗМИНАТАТА СЕДМИЦА САНКЦИОНИРАНИ 117 НЕПРОПИСНО ПАРКИРАНИ ВОЗИЛА НА ТЕРИТОРИЈА НА ОПШТИНА ЦЕНТАР

C +

Герасимовски: Го чуваме редот и јавниот простор во Центар, 86 казни за непрописно паркирање за три дена

C +