Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Уште еден доказ – Мицкоски го зеде судството во свои раце па се фали со добиени пресуди

Соопштение на СДСМ – Реакција на Христијан Мицкоски:

Христијан Мицкоски го зеде судството и обвинителството во свои раце па сега се фали со добиени судски пресуди против СДСМ.

Па нормално дека Мицкоски добил пресуда.

Но баш чудно, зошто токму денес го објавува овој голем „успех“ на судството на Мицкоски?

Токму кога најавивме иницијатива до Уставниот суд за неуставната Резолуција со која сакаат да ја замолчат опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари!

Дали и во Уставниот суд Мицкоски планира да прави притисок за да одлучува „брзо“ за иницијативата на СДСМ?

СДСМ нема да дозволи задушување на демократијата и слободата на медиуми.

Со сите демократски механизми ќе се бориме за Макеоднија дури и пред меѓународните институции.

Нема да ви помине.

Можеби ќе ве интересира

Синоптичарите излегоа со прогноза – Какво време да очекуваме денеска?

ДЕСК

Мицкоски на пуштање на употреба на реконструираните 6 операциони сали во Клинички центар „Мајка Тереза“

ДЕСК

Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење

ДЕСК