Centar.mk
ПРОМОБИЗНИС

ЕБОР продолжува да ги поддржува зелените инвестиции во Северна Македонија

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ја зајакнува својата поддршка во зеленото финансирање во Северна Македонија со нови 8 милиони евра кредит одобрена на Шпаркасе банка АД Скопје, под Програмата за зелен развој (Green Finance Facility-GFF). Средствата ќе и овозможат на Шпаркасе банка да обезбеди натамошно кредитирање на малите и средни претпријатија (МСП) за инвестиции во обновливи извори на енергија и проекти кои поддржуваат енергетска ефикасност, поддржувајќи ја транзицијата на земјата кон позелена и кон поконкурентна економија.

Програмата за зелено финансирање (Green Finance Facility), е заеднички финансирана од Заедничкиот фонд за развоен одржлив раст (SDG Fund), Владата на Република Северна Македонија, и локалните партнерски финансиски институции, а се имплементира од Развојната програма на Обединетите Нации (UNDP), Меѓународната организација за миграции (IOM), Економскиот комитет на Европа на Обединетите Нации (UNECE), ЕБОР и Владата на Република Северна Македонија, со поддршка од Резидентниот координатор на Обединетите Нации во Северна Македонија.

Оваа иницијатива има за цела да обезбеди достапно зелено финансирање на МСП и лицата кои немаат пристап до кредитирање, во насока на намалување на емисиите на стакленички гасови и загадување на воздухот, согласно климатските цели на Северна Македонија и пристапот за Зелена економска транзиција на ЕБОР. Проектот е целосно усогласен со Парискиот Договор, и ќе биде поддржан со техничка помош и инвестициска поддршка.

Фатих Туркменоглу, Претставник на ЕБОР за Северна Македонија, изјави: ,,Овој нов кредит под Програмата за зелено финансирање (Green Finance Facility), ја прикажува нашата посветеност во зајакнување на МСП во користење на технологиите за обновлива енергија и енергетска ефикасност, со што придонесува во борбата против климатските промени. Благодарение на поддршката од нашите партнери – Развојната агенција на Обединетите Нации (UNDP) и Владата, успеавме да ја зголемиме сумата за финансирање на Програмата, со цел да ја задоволиме локалната побарувачка. Со ова зголемување, Програмата ќе достигне 37 милиони евра. Би сакал да се заблагодарам на нашите партнери Шпаркасе банка, која до сега беше најактивна банка на искористување на средствата од Програмата, и има клучна улога во успехот кој го постигнавме со овој производ.”

,,Со новата кредитна линија Green Finance Facility уште еднаш ја потврдуваме својата улога како сигурен и долгорочен партнер на микро, малите и средните претпријатија – столбот на македонската економија. Како банка која стои рамо до рамо со претпријатијата во сите фази од нивниот развој, остануваме фокусирани на обезбедување финансиски решенија кои создаваат долгорочна вредност за клиентите, економијата и заедницата во целина“, изјави г-ѓа Нина Неданоска, Заменик Претседател на УО на Шпаркасе Банка АД Скопје

Шпаркасе банка АД Скопје е петтата најголема банка во Северна Македонија, и согласно податоците од вториот квартал во 2025 година има 13% пазарен влог на вкупно средства. Банката е посветена во поддршка на конкурентноста и одржливоста на МСП во земјата.

ЕБОР е главен институционален инвеститор во Северна Македонија, и до денес има пласирано над 3 милијарди евра, во над 200 проекти.

Можеби ќе ве интересира

Падна одлука во РКЕ: Ново значително поевтинување на дел од горивата

ДЕСК

Народната банка и Државниот секретаријат за економски прашања на Швајцарија (SECO) потпишаа Меморандум за соработка и јакнење на институционалните капацитети

ДЕСК

„Музички вез со џез ритам“ – омаж на македонското музичко наследство

ДЕСК