Centar.mk
фото скриншот/видео на МВР
МАКЕДОНИЈА

ДРАКОНСКИ КАЗНИ ЗА ВОЗАЧИТЕ: Ќе се оди во затвор за 1,5 промили алкохол , се воведува трајно одземање возила за безобзирни возачи, глоба од 100 евра ако не го ажурирате вашиот телефонски број, а за три одземања возачка – ќе треба да преполагате

Македонија ќе има најстроги казни во Европа и пошироко и не само поради нивната висина која во некои случаи надминува и минимална плата, туку и во однос на одземање на возачки дозволи и трајно одземање на возила.

Со новите законски измени кои веќе влегоа во Собрание, возачите кои ќе добијат три правосудни пресуди за одземање за возачка дозвола ќе останат без право за возачка, а право за ново преполагање ќе стекнат дури по 1 година.

Новите строги законски измени предвидуваат и за граѓаните кои немаат ажурирано телефонски број во МВР, со што експертите го отвораат прашањето за Уставноста на овој дел од законот со оглед дека се налага дека секој граѓанин кој има возило мора да има телефонски апарат, телефонски број и тоа мобилен телефонски број чие користење претплатите кај одредени македонски оператори вртоглаво пораснаа во последните месеци.

Друг новитет ќе биде одземањето на возила за безобзирните возачи. Тоа се возачи кои возат повеќе од 70 во населено место или 90 километри на час на регионални и авто-патишта.

Одземањето на возилата ќе го врши судот.

ЗА ВОЗЕЊЕ ПРОТИВ ЗАКОНОТ ЌЕ СЕ ОДИ ВО ЗАТВОР

За возење под дејство на алкохол со над 1,5 промили ќе се оди во затвор од 3 месеци до 3 години. Слични ќе бидат санкциите и за спротивно возење во еднонасочен пат, претекнување на непрегледно место, значително побрзо возење и тн.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: ЗНАМ најави „историски трансфер“ на Деспотовски?

ДЕСК

ДОАЃА СНЕГ НИЗ ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА: Метеоролозите најавуваат драстична промена на времето – објавена е четиридневната прогноза

ДЕСК

НОВИ РЕСТРИКЦИИ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ: Ќе се забрани пушење по кафулиња, ресторани, но и во вашиот автомобил – електронските цигари на исто ниво со нормалните

ДЕСК