Денес, претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, потпиша колективни договори со синдикатите на петте јавни универзитети во земјата. Овој значаен чекор има за цел подобрување на работните услови на академскиот кадар и зајакнување на академскиот квалитет во високото образование.
Универзитетите за кои се потпишаа договорите се:
• Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип
• Универзитетот на Тетово
• Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола
• Универзитетот „Мајка Тереза“ – Скопје
• Универзитетот „Св. Апостол Павле“ – Охрид
Ова е историски момент за високото образование во земјата, бидејќи сега сите јавни универзитети ќе имаат колективни договори, создавајќи поодржлив и поправичен систем за високо образование.
Со овој чекор, се воспоставува висок стандард за образование и се создава можност за изградба на поконкурентен систем, каде што правичната евалуацијата на работата на академскиот кадар е една од главните цели.
Колективните договори се важен инструмент за поддршка и понатамошно унапредување на високото образование во земјата.
Во оваа прилика, претседателот Гаши им упати честитки на сите универзитети, академскиот кадар и студентите за овој заеднички успех и овој важен момент за развојот на високото образование во Република Северна Македонија.
фото Собрание


