Centar.mk
stab, shtab
-МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Сè е поклопено: Мицкоски и ДПМНЕ го преземаат Обвинителството и судството

Соопштение на СДСМ:

Притисокот за смена на Јавниот обвинител е дел од сценариото на ДПМНЕ и Мицкоски за целосно преземање на Обвинителството и Судството.

Обвинител под контрола на Мицкоски и ДПМНЕ.

Судии под контрола на Мицкоски и ДПМНЕ.

Целосна окупација и партизација на судството, враќање на „тефтерчињата“, погребување на правдата.

Сопруга на градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ беше назначена за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители.

Исто како во времето на Никола Груевски и по истото сценарио што Вучиќ го спроведува во Србија.

Токму денеска во собранието на Србија започна расправа за реформи во Уставниот суд, исто како кај нас, и наместо реформска агенда се поставуваат инсталации на власта.

Сè е диригирано и синхронизирано. Copy-paste.

На власта во Македонија ѝ гори под нозе.

Секој ден Антикорупцискиот тим на СДСМ (АКТ) објавува корупциски скандали – како преку наместени тендери се пумпаат милиони евра од џебовите на граѓаните. А од власта – никаква реакција!

Сè е поклопено.

Политички прогон, измислени кривични пријави, лажни вести, манупулации, злоупотреби на институциите, партизација. Ја пуштија дури и Катица Јанева, за да им служи како алатка во политичка кампања.

Режим 2.0.

Нема да ви помине! Народот ве чека за да ви каже крај.

Нема да се спасите! Сите ќе одговарате!

Можеби ќе ве интересира

ВЛЕН: Правичната застапеност добива европски печат и наскоро ќе влезе во Парламентот

ДЕСК

Филипче: Растот на БДП е резултат на поголемата потрошувачка на граѓаните заради инфлацијата, власта манипулира

ДЕСК

Филипче: Економската криза е од лошото владеење на ДПМНЕ, 62 милиони евра изгореа за увоз на струја

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.