Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Ограбил казино со секира и си заминал со парите – Драматична кражба во Битола

Лишен од слобода разбојник во Битола, фатен веднаш откако било пријавено дека извршил разбојништво во казино, следува пријава

На 15.12.2025 во 19:40 часот полициски службеници од СВР Битола во казино на ул. „Филип Втори Македонски“ во Битола го лишија од слобода маж (53) од Битола, постапувајќи по добиена пријава околу 18:30 часот дека во казино лоцирано на ул.„Маршал Тито” во Битола, едно лице со закана со секира од вработената одзело околу 8600 денари, по што се дало во бегство.

Веднаш по добиената пријава, преземени се соодветни мерки и активности и сторителот е лоциран и лишен од слобода, а по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

ДЕСЕТ МАКЕДОНСКИ УЧИЛИШТА ИЗБРАНИ ЗА РЕГИОНАЛНА СОРАБОТКА – Нови размени за учениците од Западен Балкан

ДЕСК

186 ПРЕКРШОЦИ КАЈ ВОЗАЧИТЕ ЗА ШЕСТ ЧАСА – Во Македонија контролирани 870 возила

ДЕСК

УТРИНСКА МАГЛА И ПРОМЕНЛИВО ОБЛАЧНО ВРЕМЕ – Еве каков вторник нè очекува во Македонија

ДЕСК