Centar.mk
ЛОКАЛНО

Тони Зен и Пајак дел од новогодишните случувања во Општина Илинден

По повод претстојните новогодишни и божиќни празници, Општина Илинден и оваа година, во соработка со општествено одговорни компании, ќе го организира традиционалниот Новогодишен базар, кој ќе се одржи на новоизградениот парк – плоштад во населеното место Марино.

Во таа насока, денес во кабинетот на градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, се одржа средба со македонскиот рапер и продуцент Тони Петковски, познат како Тони Зен и младиот музички артист Христијан Настески, познат како Пајак. На средбата беа разгледани можностите за тековна и идна соработка, како и нивното учество во музичката програма која ќе биде дел од новогодишните случувања.

Новогодишниот базар кој ќе одржува од 26-ти до 28-ми декември, ќе понуди богата и разновидна празнична програма наменета за сите генерации. Покрај музичките настапи, посетителите ќе имаат можност да уживаат во празнична гастрономска понуда, топли пијалоци, детска и хуманитарна програма, дружење со Дедо Мраз, како и бројни забавни активности.

Општина Илинден и понатаму останува посветена на поддршката и организацијата на културно-забавни настани, со цел да се негува празничниот дух, да се збогати општествениот живот и да се создаде пријатна атмосфера за сите жители во овој празничен период.

Можеби ќе ве интересира

Градоначалникот на Гостивар, Лимани го промовираше асфалтирањето на патот во Долна Бањица

ДЕСК

Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење

ДЕСК

Герасимовски: Два нови ДУП-а за Калето и опфатот околу Француските гробишта, повеќе зеленило, спортски објект и уреден простор

C +