Блез Метревели, новата шефица на британската служба за надворешно разузнавање МИ 6, денес ќе предупреди за решеноста на рускиот претседател Владимир Путин да извезува хаос во целиот свет и вели дека ова ги менува правилата на конфликтот и создава нови безбедносни предизвици.
Блез Метревели ќе го искористи своето прво јавно обраќање како шеф на британската разузнавачка служба за да каже дека Велика Британија се соочува со сè понепредвидливи и меѓусебно поврзани закани, со акцент на агресивната експанзионистичка Русија, пренесуваат медиумите во регионот.
„Извозот на хаос е карактеристика, а не мана, на пристапот на Русија кон меѓународниот ангажман и треба да бидеме подготвени дека ова ќе продолжи сè додека Путин не биде принуден да ја промени својата пресметка“, ќе рече таа, според делови од говорот објавени од британското Министерство за надворешни работи, кое е контролирано од МИ 6, според написите.
Минатата недела, Велика Британија воведе санкции врз голем број руски медиумски компании за наводно информациско војување и две кинески технолошки фирми за обемни и неселективни сајбер-активности. Метревели е првата жена што ја предводи MИ 6 откога е основана во 1909 година./Извор:Мakfax
ПОПУЛАРНО НА ИНТЕРНЕТ...


