Centar.mk
СВЕТ

Урсула фон дер Лајен најмоќна жена во 2025 година

На листата на 100 најмоќни жени во 2025 година на американското списание „Форбс“, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, е на првото место.

Во образложението на редакцискиот одбор се наведува дека таа е првата жена на оваа позиција, која е одговорна за законодавство што влијае на повеќе од 450 милиони Европејци.

На второто место на листата е претседателката на Европската централна банка, Кристин Лагард, на третото е премиерката на Јапонија, Санае Такаичи, која е и првата жена на оваа позиција.

Премиерката на Италија, Џорџа Мелони, е на четвртото место, претседателката на Мексико, Клаудија Шејнбаум, е на петтото место, а меѓу првите 10 се извршната директорка на „Генерал моторс“, Марија Бара, и извршната директорка на технолошката компанија „Сити“, Џејн Фрејзер.

Списанието меѓу 100-те најмоќни жени ги вклучи извршната потпретседателка и финансиска директорка на компанијата „Мајкрософт“, Ејми Худ, генералната директорка на ММФ, Кристалина Георгиева, претседателката и оперативна директорка на компанијата „Спејс икс“, Гвин Шотвел, поп-пејачката Тејлор Свифт, министерката за финансии и корпоративни работи на Индија, Нирмала Ситараман.

На листата се наоѓаат и медиумската личност Опра Винфри, копретседателката на компанијата „Волт Дизни“, Дана Волден, британската министерка за финансии, Рејчел Ривс, извршната директорка на кинеската компанија JD.com, Сенди Ран Су, претседателката на Њујоршката берза, Лин Мартин, извршната директорка на „Водафон“, Маргерита дела Вејл, главната директорка за содржини на платформата „Нетфликс“, Бела Бахарија.

Меѓу 100-те најмоќни жени се извршната директорка на „Фокс њуз“, Сузан Скот, финансиската директорка на „Дојче фокс груп“, Мелани Крајс, јавната личност и претприемачка Ким Кардашјан, премиерката на Конго, Јудит Суминва Тулука, Мета Фредериксен од Данска и Миа Мотли од Барбадос.

Херојките од анимираната серија, копродуцирана од „Нетфликс“ и „Сони рекордс“, KPop Demon Hunters, за женскиот бенд K-Pop (HUNTR/X), беа на последното место на листата, која до декември 2025 година беше прегледана повеќе од 325 милиони пати и стана најпопуларниот филм на „Нетфликс“ досега.

Листата, која се објавува 22. пат, е направена врз основа на четири главни критериуми – пари, медиуми, влијание и сфера на влијание. Имаше жени од областите на политиката, финансиите, медиумите, забавата, претприемаштвото, а на неа има и 17 жени, кои претходно не беа на листата, објави „Танјуг“./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Италијанците живеат најдолго во Европа

C +

ЕУ замрзнува 210 милијарди евра руски средства додека Москва не плати репарации

C +

Нов закон во Австрија: Девојчињата до 14 години повеќе не смеат да носат хиџаб во училиште

C +
error: Соддржината е заштитена.