Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

Филипче: Мигранти во јуни, Мицкоски молчи за Резолуцијата затоа што веќе има договор

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција, наласи дека молкот на Владата на ВМРО-ДПМНЕ за Резолуцијата на СДСМ за спречување на прием на мигранти, ги потврдува сомнежите дека нешто тајно се подготвува зад очите на јаноста.

„ВМРО-ДПМНЕ не сака да ја потпише Резолуцијата. Не сака да даде гаранција на граѓаните на Македонија затоа што не може. Затоа што се обврзале да примат мигранти како дел од пакет-договор за кредит, за да продолжат да распишуваат тендери и да прават договори во четири очи за да ги трошат народните пари за своите бизнис-партнери“, рече Филипче.

Во обид да избегнат одговори и да дефокусираат, како што кажа Филипче, владата на Мицкоски започна со фабиркувани приказни.

„По обидите фокусот да го префрлат на измислени вести, лажни обвиненија, пријави сè, само да се дефокусира јавноста од горчливиот проблем со мигрантите. По извлекувањето и избегнувањето премиерот на Мицкоски-до пролет, после пролет, ќе бидам премиер, нема да бидам премиер, на сите ни е јасно што се подготвува.Одговорот е јасен, мигранти во јуни во Македонија“, рече Филипче.

На прес-конференцијата, тој предупреди дека премиерот Мицкоски го следи моделот на Вучиќ, односно прикривање на вистинските планови до по изборите.

„По моделот на Вучиќ е „ќе има литиум, нема да има, сепак ќе има“ (без да каже: по изборите), Мицкоски сега со истата техника сака да го протне проектот „Мигранти за пари“.ВМРО-ДПМНЕ, поради свои лични интереси, ја издаде Македонија“, нагласи претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Линк до видео: https://www.youtube.com/watch?v=v91ZUk8BJCg

Можеби ќе ве интересира

СДСМ ОБЈАВИ: Британската телевизија GBN го потврдува договорот за мигранти: Ќе ве стационираме во Македонија!

ДЕСК

Ротари клуб Скопје Интернационал: Уметноста безбеден простор за менталното здравје кај младите

ДЕСК

Слушнал повеќе истрели од огнено оружје, па излегол да провери што е работата – полицијата пронајде 19 чаури

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.