Centar.mk
СВЕТ

Украинските сили подигнаа знаме во Покровск

Украинските сили подигнаа знаме во Покровск како одговор на руските тврдења дека градот е освоен. Според Би-би-си, борбите продолжуваат, а украинските единици се повлекуваат, но тврдат дека сè уште го контролираат северниот дел од градот.

Командантот на украинската јуришна единица „Скала“, Јуриј, им наредил на двајца војници да го подигнат украинското знаме за да го покажат присуството на Украина. Украинските сили координираат напади преку преноси од дронови и велат дека даваат отпор на руското напредување.

Битката за Покровск трае речиси 18 месеци и градот е сериозно разрушен. Русите напредуваат од југ со мали тимови, кои се обидуваат да се инфилтрираат зад украинските линии, но украинските команданти тврдат дека бргу ги неутрализираат.

Украинските војници велат дека ситуацијата е тешка, но под контрола додавајќи дека Русија има поголем број војници и повеќе дронови со термовизиски камери. Тие опишуваат постојано руско надлетување со дронови и интензивни борби во урбаната зона./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Зеленски му одговори на Трамп: „Секогаш сум подготвен за избори“

C +

Мерц вели дека Путин сака да го обнови Советскиот Сојуз, Кремљ му одговари

C +

Трамп: Да бев претседател, немаше да ја има војната во Украина

C +
error: Соддржината е заштитена.