Centar.mk
СВЕТ

Украина подготвува алтернативен мировен план за завршување на војната со Русија

Украина подготвува ревидиран мировен план за завршување на војната со Русија, кој ќе го презентира пред Белата куќа, во обид да избегне територијални отстапки, објави Би-би-си.

На прес-конференција украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека неговиот тим би можел да испрати нов предлог до Американците уште денес, 9 декември.

Претходно, Зеленски изјави дека некои важни прашања во рамките на мировниот договор сè уште не се решени.

Според него, американската страна е подготвена да бара компромиси, но прашањето за териториите останува нерешено. Русија бара териториите да ѝ бидат предадени.

„Аксиос“ објави дека украинскиот претседател е под зголемен притисок од САД да се согласи на значајни територијални компромиси и други отстапки како дел од предлогот на Доналд Трамп за прекин на војната со Русија./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Маж испрскал минувачи со непозната супстанца, едно лице завршило во болница во Токио

C +

Истраги за силувања на деца во градинки и основни училишта: Франција потресена од голем скандал

C +

Авион во кој се наоѓаше британски министер цел на напад: „Ова е неодговорно руско мешање“

C +