Centar.mk
СВЕТ

Папата го прими Зеленски. „Мирот во Украина ќе се постигне преку дијалог“

Папата Лав ја нагласи потребата од континуиран дијалог за постигнување праведен и траен мир за време на средбата со украинскиот претседател Володимир Зеленски, соопшти Ватикан.

„Папата ја повтори потребата од континуиран дијалог и изрази желба сегашните дипломатски иницијативи да донесат праведен и траен мир без одложување“, се вели во соопштението.

„Беа дискутирани и прашањата за воените заробеници и потребата да се обезбеди враќање на украинските деца во нивните семејства“, соопшти Ватикан, кој посредува меѓу Киев и Москва за прашањето на децата.

Зеленски денеска се сретна со папата во папската резиденција Кастел Гандолфо, 30-ина километри југоисточно од Ватикан, а подоцна во текот на денот треба да се сретне и со италијанската премиерка Џорџа Мелони во Рим./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Трамп ја враќа смртната казна со стрелање

C +

Полскиот премиер: „За прв пат по многу години, нема Руси во Советот, какво олеснување“

C +

Туск предупредува: Русија може да нападне членка на НАТО за неколку месеци

C +