Centar.mk
ЛОКАЛНО

Скопјани итно да го платат данокот на имот, има некои не платиле и за 2020-та – Град Скопје со повик

Град Скопје со посебно соопштение ги известува граѓаните за неплатените обврски за данок на имот, данок на промет, данок на наследство и подарок и комунална такса-фирмарина, кое го пренесуваме во целост:

Даноците на имот и Комуналните такси се основните извори на приходи на Градот Скопје. Средствата остварени од овие приходи овозможуваат финансирање на основните функции на Градот, изведбата на инфраструктурните проекти, ко-финансирање на услугите што ги даваат комуналните претпријатија и јавните установи како и финансирање на трошоците на средните училишта во Градот Скопје.

Според евиденцијата на Секторот за даноци на имот и Комунални такси, за периодот од 2020 до 2025 година, по основ на даноци и такси, граѓаните и компаниите, имаат долг спрема Градот Скопје во износ од преку 36 милиони евра.

Се повикува сите даночни и таксени обврзници (правни и физички лица) кои немаат платено данок на имот, данок на промет, данок на наследство и подарок и комунална такса-фирмарина, да ги подмират своите даночни обврски во најкраток временски рок.

Увид во вашиот долг, преземање на даночните и таксените Решенија, како и електронска уплата на долгот може да извршите преку електронската платформа на Град Скопје: https://danoci.skopje.gov.mk/gskopje/root/public/login.xhtml.

За сите прашања можете да се јавите на следните телефонски броеви:

o за данок на имот: 072/204-434 и 02/3207-546 како и е-маил адресите: anitan@skopje.gov.mk, nuredin.nuredin@skopje.gov.mk,
o за данок на промет, наследство и подарок: : 02/3297-298 и 02/3297-296 како и е-маил адресата: biljana.manakoska@skopje.gov.mk,
o за комунална такса-фирмарина: 02/3297-314 како и е-маил адресата: angelina.gievska@skopje.gov.mk, и
o за даночно сметководство: 02/3297-298 и 02/3297-296, како и на е-маил адресата: katerina.donev@skopje.gov.mk.

Даночниот долг може да го платите и преку Даночните шалтери на Град Скопје, кои Ви стојат на располагање секој работен ден од 8 до 19 часот, како и во Сабота на 13.12.2025 година.

Можеби ќе ве интересира

ЈП Водовод Скопје со известување до граѓаните за работното време за време на празниците

ДЕСК

Важни информации за возниот ред од ЈСП Скопје кој започнува со стартот на 2026-та година

ДЕСК

Ѓорѓиевски: Скопје – Европска престолнина на културата 2028

C +